Ракомет

Еурофарм Пелистер експресно се врати на победите: Бутел немоќен во Битола

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со убедлив триумф над Бутел Скопје од 38:28 успешно реагираа по поразот во големото дерби против Вардар и повторно се вратија на победничките патеки во македонската Суперлига.

Само еден ден по дуелот во Скопје, битолчани повторно излегоа на терен, но и покрај заморот и ротациите во составот, избраниците на тренерот Алексо Лембанов одиграа сигурен натпревар во Спортска сала „Боро Чурлевски“.

Домашниот тим уште од стартот го наметна својот ритам и брзо создаде предност од 5:2. Иако Бутел накратко се доближи на 5:4, Пелистер веднаш возврати со нов налет и постепено почна да ја зголемува разликата. Во еден период резултатот беше 10:5, а до крајот на првото полувреме битолчани целосно ја презедоа контролата и на паузата заминаа со убедливи 22:12.

Во второто полувреме Пелистер рутински ја одржуваше високата предност, не дозволувајќи му на гостинскиот состав да се врати резултатски во натпреварот. Разликата во одредени моменти достигна и максимални 14 гола, а конечниот резултат беше 38:28.

Најефикасни кај победничкиот тим беа капитенот Филип Кузмановски и Петар Атанасијевиќ со по осум погодоци, додека кај Бутел најрасположен беше Тодор Узунчев, кој исто така постигна осум гола.

Во рамки на осмото коло од плеј-аут фазата, Пролет славеше против Радовиш со 37:29.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!