Останато

Ќе решава „мајсторката“: Работнички Скопје го надигра Наковски Волеј и израмни на 2-2 во финалето

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели
Шампионот во женска одбојкарска конкуренција ќе биде решен во „мајсторка“, откако Работнички Скопје со максимални 3:0 го совлада Наковски Волеј во четвртиот натпревар од финалната плеј-оф серија.

Пред својата публика во Спортски центар „Борис Трајковски“, скопскиот состав славеше со 25:15, 27:25 и 27:25 и успеа да израмни на 2-2 во победи, со што финалната серија добива драматична завршница.

Како и во претходните натпревари, и овој дуел донесе квалитетна и борбена одбојка, а најголема неизвесност имаше во вториот и третиот сет, каде двете екипи водеа жестока битка за секој поен.

До првата максимална победа сезонава против Наковски Волеј, Работнички Скопје беше предводен од Тамара Стојанова и Антонија Баталаковска, кои постигнаа по 12 поени, додека Андротеа Милевска додаде 11 поени.



Во редовите на Наковски Волеј, Сара Марковиќ беше најефикасна со девет поени, Ивана Милева запиша осум, а Мила Долдурова и Ива Стојковска реализираа по шест поени.

Решавачкиот петти натпревар, кој ќе го даде новиот шампион, е закажан за в понеделник од 18 часот во Струмица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!