КупФудбал

Струмица „гори“ за Куп финалето: Тиверија Брера со организирана поддршка ќе ја напаѓа втората титула

Сподели
Сподели



Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера повторно е пред голем предизвик на домашната сцена, откако обезбеди ново финале во Купот на Македонија во женска конкуренција. Струмичанки ќе се борат за трофејот против Каменица Саса, а атмосферата во Струмица веќе најавува вистински фудбалски спектакл.

Градот се мобилизира за големото финале кое ќе се игра на стадионот Стадион Ѓорче Петров, а клубот обезбеди и организиран превоз за сите навивачи кои сакаат да бидат дел од битката за трофејот. Се очекува силна поддршка од трибините, не само од струмичани кои ќе допатуваат од градот, туку и од оние кои живеат во Скопје и околината.

За Тиверија Брера ова ќе биде петто Куп финале во клупската историја и нова можност за освојување на вториот трофеј во ова натпреварување. Првата и засега единствена Куп титула струмичанки ја освоија во сезоната 2017/2018, кога во финалето одиграно во Пехчево убедливо славеа со 5:0 против Драгон. На тој натпревар двоен стрелец беше Александра Терзиски, а во листата на стрелци се запишаа и Теодора Шопов, Рабија Дервиши и Ангела Стојковска.

Низ годините, Тиверија Брера имаше уште неколку обиди да стигне до трофејот. Во сезоната 2016/2017 загуби од Истатов со 4:2 во финалето одиграно во Струмица, потоа во сезоната 2018/2019 беше поразена од Скопје со 3:1, а минатата сезона финалето го загуби од Љуботен со 3:0.

Сепак, овојпат во Струмица владее голем оптимизам. Тимот предводен од Славе Велков игра во одлична форма, а второто место во шампионатот е речиси обезбедено. Дополнителна самодоверба носи и победата од 3:0 против Каменица Саса во рамки на 23. коло од Првата женска фудбалска лига, натпревар на кој струмичанки одиграа одлично.



Сите овие фактори прават вербата во Струмица да биде огромна дека Тиверија Брера има вистинска шанса повторно да го подигне Куп пехарот и по вторпат во историјата да се израдува на трофејот во ова натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!