ФудбалЧетврта лига

Кадица со „петарда“ за Кадино обезбеди финале: Со Стрела 21 ќе се бори за влез во Трета лига – Југ

Сподели
Сподели

Екипата на Кадица обезбеди убедлив пласман во големото финале на Општинската фудбалска лига Прилеп, откако во полуфиналето славеше со високи 5:1 против Кадино.

Тимот од Забрчани одигра доминантен натпревар и уште од самиот почеток покажа дека е решен да обезбеди место во финалето. Високиот резултат најдобро ја отсликува разликата на теренот, а Кадица со сигурна и ефикасна игра ги реши сите дилеми околу победникот.

За разлика од првото полуфинале, каде што неизвесноста траеше до самиот крај и победникот беше решен по пенал рулет, вториот полуфинален дуел понуди целосна доминација на Кадица.

Во големото финале, кое е закажано за 13 мај на Градски стадион „Гоце Делчев“ со почеток од 17 часот, Кадица ќе се соочи со Стрела 21 од Ерековци.

Претходно, како што објави „Спортска Мрежа“, Стрела 21 обезбеди финале откако по пенали го елиминираше Динамо од Мажучиште. Регуларниот дел од тој натпревар заврши 1:1, а тимот од Ерековци беше поуспешен во пенал серијата.

Финалниот натпревар ќе има огромно значење, бидејќи победникот ќе стане шампион на ОФЛ Прилеп и ќе обезбеди пласман во Трета лига – Југ за следната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!