ИнтернационалциКошарка

ТФТ убедливо поразен во Чачак: Борац на чекор до опстанок во АБА лигата

Сподели
ФОТО: ТФТ
Сподели
Кошаркарите на ТФТ со убедлив пораз го отворија баражот за место во АБА лига, откако на гостувањето во Чачак загубија од Борац Чачак со 97:61.

Домашниот состав уште од самиот почеток покажа дека е во подобар ритам, со повеќе енергија и поголем квалитет во играта, што максимално го искористи за да поведе во серијата по која победникот ќе обезбеди настап во регионалната елита за сезоната 2026/2027.

Тимот предводен од Боро Смилковски повторно не успеа да го пронајде својот препознатлив стил на игра. Напорниот распоред очигледно остави трага врз „црно-белите“, кои имаа сериозни проблеми во нападот и тешко доаѓаа до поени.

Борац доминираше уште во првото полувреме и на паузата замина со висока предност од 54:32. Ниту по одморот ситуацијата не се промени, па домашниот тим од минута во минута ја зголемуваше разликата и по три четвртини имаше убедливи 73:45.

Еден од најголемите проблеми за ТФТ беше слабата реализација. Скопскиот тим шутираше само 2 од 22 за три поени, додека процентот за два поени беше 23 од 47. Дополнително, во текот на првите три четвртини немаше ниту еден играч со двоцифрен број на поени, што е вистинска реткост за екипата од Тафталиџе.



Најефикасен кај ТФТ беше Дејвис со 17 поени и четири скока, Говенс постигна девет, Самрвил осум, а Ташовски седум поени, но тоа беше премалку за посериозен отпор против расположениот домаќин.

Вториот натпревар од серијата ќе се игра на 10 мај во салата Сала „Лазар Лечиќ“ со почеток од 21 часот, каде ТФТ ќе се обиде пред својата публика да избори мајсторка и да ги задржи шансите за историски пласман во АБА лигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!