Ракомет

Македонските арбитри на најатрактивниот дуел: Митревски и Тодоровски во Брно

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Македонија ќе има свои судиски претставници во претстојните бараж натпревари за пласман на Светското првенство, откако Европската ракометна федерација ги објави службените лица за овие дуели.

Судискиот пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ја делат правдата на еден од најинтересните натпревари во баражот – пресметката меѓу Чешка и Франција, која ќе се одигра во Брно.

Свој претставник Македонија има и меѓу делегатите. Ацо Николовски е назначен за мечот во Подгорица, каде силите ќе ги одмерат селекциите на Црна Гора и Словенија.

Во меѓувреме, македонската репрезентација ќе го започне баражот со гостување кај Словачка во Прешов. За овој натпревар, ЕХФ ги делегираше судиите Анатоли Новиков од Украина и Миндаугас Гателис од Литванија, додека улогата на делегат ќе ја има Чехот Петр Новак.

На овој начин, македонските претставници ќе бидат дел од неколку важни натпревари во борбата за место на светскиот шампионат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!