Ракомет

Монпелје со голема предност, Вардар по сензација во „Јане Сандански“

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Во фокусот на ракометната јавност вечерва ќе биде реванш-средбата од четвртфиналето во Лигата на Европа, каде што РК Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со Монпелје.

Скопскиот состав се наоѓа пред исклучително тешка задача, откако на првиот дуел во Франција претрпе убедлив пораз од 33-23. Со оглед на високата негатива, „црвено-црните“ ќе треба да одиграат речиси перфектен натпревар доколку сакаат да се надеваат на пресврт и пласман на завршниот турнир.

Тренерот Иван Чупиќ за овој натпревар ќе ги има на располагање Дмитро Горига и Јака Малус, но нивната минутажа останува неизвесна. Во однос на првиот меч, во составот нема да биде Марио Танкоски.

На спротивната страна, францускиот тим ќе настапи со речиси идентичен состав, со исклучок на повредените Турин, Пелас и Балагер, кои нема да бидат во комбинација за настап.

Дуелот се игра во спортскиот центар СЦ Јане Сандански со почеток од 20:45 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло ќе се игра во друг термин. Мечевите од оваа рунда се...

Ракомет

Охрид ја освои Автокоманда – чекор поблиску до втората позиција

Ракометарите на Охрид остварија исклучително важна победа на гостувањето кај Алкалоид, триумфирајќи со 27-26 во неизвесен натпревар од плеј-офот во Супер лигата. Со...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид ја освои Автокоманда – чекор поблиску до втората позиција

Ракометарите на Охрид остварија исклучително важна победа на гостувањето кај Алкалоид, триумфирајќи...

Ракомет

Трофејот ќе се дели во Охрид – познати термините за финалето во ЕХФ Купот!

Охрид ќе има шанса пред својата публика да се бори за европскиот...

Ракомет

Охрид носи големо европско засилување – пристигнува поранешен играч на ПСЖ!

Охрид продолжува да го засилува ростерот пред новата сезона, а по доаѓањето...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!