ФудбалФутсал

Тотална доминација: Проект без пораз ја заврши сезоната вредна двојна круна!

Сподели
Сподели

Екипата на Проект од Јосифово ја заврши својата доминанта сезона со максимален учинок, без пораз ја освои двојната круна, односно шампионската титула и Куп трофејот.

Тотална доминација, на сите натпревари Проект буквално ги торпедираше противниците и не им дозволуваше да се надеваат ниту да парираат.

18 победи од толку натпревари во Првата футсал лига, 159 постигнати погодоци, неверојатна бројка, само 33 примени погодоци за гол разлика од +126 и максимално 54 освоени бодови.

Доминација и во финале од Купот на Македонија каде со 8:3 Проект го „збриша“ Кеги Моби и го подигна Куп трофејот.

Сега тимот од Јосифово со фокус ќе биде на европските предизвици и квалификациите во Лигата на шампионите.

Вечерва во Валандово шампионот Проект го одигра последниот меч за оваа сезона, а истиот го доби со убедливи 10:1 над Бутел. Двојни стрелци беа Кристијан Гавровски, Димитар Јанев и најдобиот стрелец на тимот Марио Благојевски, по еден гол постигнаа Бојан Јанев, Горан Стојанов, Давид Ристовски и Трајче Димитриев. За скопскиот тим единствен стрелец беше Никола Илијоски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!