ФудбалФутсал

Второлигашот Балкан веќе работи на ангажман на нови засилување и на буџетот – сериозно сака пласман во Првата футсал лига!

Сподели
Сподели

Екипата на Балкан која е лидер во Втората футсал лига на Македонија овој викенд е слободна, но клубот ќе се посвети темелно на ангажирање на нови засилувања за пролетната полусезона, но дополнително се работи и на буџетот за следниот период, со што Балкан уште еднаш ја потврдува својата сериозна заложба да обезбеди пласман во Првата футсал лига.

Засега екипата доминира во Втората футсал лига со 6 победи и еден пораз од седум одиграни натпревари, го има најефикасниот напад кој постигнал 55 погодоци, а притоа го има и најдобриот стрелец во лигата, а тоа е Ибрахим Алији со 21 погодок, како што веќе информираше Спортска Мрежа.

До комплетирање на есенската полусезона пред Балкан се два натпревари, едниот од Купот на Македонија и еден од првенството на домашен терен против ланскиот прволигаш Овче Поле, меч кој ќе биде и дерби бидејќи и Овче Поле најави амбиции за експресно враќање во Првата лига, па овој меч и можеби ќе биде меѓу клучните за решавање на патниците кон Првата лига.

Во секој случај екипата на Балкан најавува уште поголема заложба како на терен за уште подобри резултати, така и околу засилувањата и буџетот за полесен пат кон Првата лига и продолжување на одличната игра и во футсал елитата на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!