ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност забележа триумф над Инџиково, високи победи за Долно Коњари и за Гоце Делчев!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Во рамки на 9. коло од Општинската фудбалска лига во Гази Баба или Четврта лига по ранг на натпреварување, екипата на Маџари Солидарност со 1:2 забележа триумф против Инџиково на гостински терен.

Левајковски го донесе во водство Инџиково уште во 9. минута од мечот, а потоа гостинот преку Крстевски во 35. минута дојде до 1:1 на полувреме. Во вториот дел Аровски со гол во 86. минута го обезбеди целиот „плен“ за гостинот за конечни 1:2.

Бујковци на домашен терен со 3:2 славеше победа над екипата на Марино, во меч каде за домашниот тим Аземи беше двоен стрелец, а еден гол постигна Станковиќ, додека пак кај гостинот Фејзула стрелаше во првиот дел, а пак Алексиќ си постигна автогол.

Миладиноци и Дељадровци одиграа реми со четири погодоци за конечни 2:2. Гостинот пропушти предност од два погодоци откако на полувреме имаше 0:2 со погодоците на Насковски и Величковски, а во вториот дел Петровски во 60. минута го намали водството на гостинот, а пак Стаменковски постигна гол за конечни 2:2.

Лидерот Долно Коњари забележа убедлива победа 4:1 против поранешниот третолигаш Илинден на домашен терен и тоа победа преку пресврт. Видински во 3. минута постигна гол за 0:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел следуваа два брзи гола на Арслан во 63. минута и на Дрндар во 67. минута за пресврт и водство на домаќинот од 2:1, а до крајот на мечот Абдурахман и Мушовиќ погодија за 4:1.

Гоце Делчев забележа домашна победа против ланскиот третолигаш Петровец од 3:1 во меч каде Гоцевски беше стрелец за 1:0 на полувреме, а пак Крстевски постигна гол за 2:0. Гостинот преку Стојановски намали на 2:1 и се обиде да дојде и до израмнување, но Мирков не дозволи изненадување и погоди за конечни 3:1.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ ГАЗИ БАБА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ДОЛНО КОЊАРИ 9 7 2 0 24 5 +19 23
2 ФК БУЈКОВЦИ 8 6 1 1 24 6 +18 19
3 ФК ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 9 5 3 1 30 16 +14 18
4 ФК МАЏАРИ СОЛИДАРНОСТ-ЈУНИОР 8 5 1 2 20 13 +7 16
5 ФК Марино 2024 8 4 1 3 21 10 +11 13
6 ФК ИЛИНДЕН 8 3 1 4 13 17 -4 10
7 ФК МИЛАДИНОВЦИ 8 2 3 3 22 27 -5 9
8 ФК ИНЏИКОВО 8 2 1 5 12 23 -11 7
9 ФК ДЕЉАДРОВЦИ 2010 8 1 3 4 5 18 -13 6
10 ФК ПЕТРОВЕЦ 8 1 1 6 10 26 -16 4
11 ФК УСКУП 1911 8 0 1 7 9 29 -20 1
12 ФК СКОПСКО ПОЛЕ 0 0 0 0 0 0 0 0

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната играчка кариера направи нов чекор во ракометот и започна ново поглавје...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!