Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако славеше со 3:9 над Осогово во Крива Паланка.
За гостинот од Јосифово хет-трик постигна голгетерот Марио Благојевски, двојни стрелци беа Ѓорги Коцевски и Димитар Јанев, а по еднаш прецизни беа Мартин Тодоровски и Никола Анчевски.
За домашниот тим двоен стрелец беше Никола Стојмировски, а пак една погоди Михаил Павловски.
Јувентус Серава со 6:3 славеше домашна победа над Кеги Моби откако го доби преку Омер Османи кои беше прецизен со три гола, Армандо Алијевиќ со два гола и Бејтула Јакупи со еден гол, за гостинот Димче Андов погоди двапати, а еден гол постигна Марио Панев.
Форца го декласираше „фенерџијата“ Балкан со резултат од 12:6. Седум погодоци постигна Леарт Демири, три гола беа дело на Берат Рамадани, а по еднаш погодија Биљали Хасан и Јасир Зекири.
За гостинската екипа пет гола постигна Ибрахим Алији, а еден гол Ерол Далип.
Бутел на домашен терен имаше лесна задача против отпишаниот Мал Ајакс славејќи со 8:3 над гостинот од Штип.
Иван Крстевски постигна четири гола, а пак Андреј Јаневски погоди двапати. По еден гол постигнаа Петар Лазовски и Никола Илијоски.
За гостинот од Штип стрелци беа Стојан Коцев и Иван Николовски во првиот дел и Дарко Димитровски во вториот дел.
Во меч со 14 погодоци екипата на Шкупи со 8:6 славеше над Клими на домашен терен. Ерблин Даци постигна три гола, Абдил Кадри Јахја два гола, а по еден гол постигнаа Љавдрим Фазлију и Еркан Сефери.
За гостите Мартин Никовиќ беше двоен стрелец, а погодија и Зоран Тасески, Горан Коцевски, Давид Крстески и Виктор Аризанов, а пак Филип Грујоски си постигна автогол.