Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2029, информира дека од денеска се пуштени во продажба билетите за овој дуел.
Сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезници преку онлајн платформата „МКТикетс“.
Цената на билетите изнесува 200 денари за сите трибини во целосно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Натпреварот Македонија – Ирска е закажан за 2 јули (четврток), со почеток во 18:00 часот.