Трета лигаФудбал

ФК Венец за мечот со Превалец: „Ова не е победа, туку горчлив доказ дека вредностите се нарушени“

Сподели
Сподели



Само 12 минути се играше натпреварот во Долни Дисан меѓу Венец и Превалец, кој при резултат од 2:0 беше прекинат откако гостинската екипа остана со шест играчи на теренот, а мечот го започна со осум играчи, во рамки на 23. коло на Трета лига – Југ.

Во самиот записник од натпреварот е наведено дека гостинот го започнал мечот со осум играчи, при што двајца фудбалери се повредиле и со тоа не може гостинот да го продолжи мечот.

„Гостинската екипа натпреварот го започна со осум играчи, во 12-та минута поради повреда на двајца играчи од гостинската екипа истата остана со 6 играчи на теренот при што натпреварот не можеше да го продолжи поради недоволен број на играчи“, се вели во записникот од мечот.

Домашниот тим ФК Венец по мечот излезе со соопштение потенцирајќи дека ова не е победа што носи радост – туку горчлив доказ дека некои вредности во спортот сериозно се нарушени.

„Срам и разочарување – тоа е единственото што може да се каже за денешниот потег на екипата на Превалец. Клуб што со години се удира во гради дека е „стожер“ на третолигашкиот фудбал и дека веќе 20 години настапува на ова ниво, денес покажа нешто сосема спротивно од спортски дух. Наместо фер борба на терен, тие одлучија да дојдат со само 8 млади деца, очигледно со намера да избегнат санкции, а не да одиграат натпревар како што доликува. Во исто време, нашата екипа излезе со достоинство, поддржана од стотици верни фанови и гласната навивачка група Падари, кои дојдоа да дадат поддршка и да гледаат вистински фудбал. За жал, наместо натпревар, добивме потсмев на спортот. Овој потег не е само непочит кон противникот, туку и кон сите љубители на фудбалот, кон навивачите и кон самата лига. Фудбалот се игра на терен, со срце и со чест – не со калкулации и избегнување одговорност. Резултатот на крајот е службени 3:0 во корист на Венец, но ова не е победа што носи радост – туку горчлив доказ дека некои вредности во спортот сериозно се нарушени“, е наведено во клупското соопштение на ФК Венец.

Натпреварот ќе значи и службен триумф од 3:0 за екипата на Венец од Долни Дисан.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!