Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа разлика може да се намали на четири доколку кратовци слават на гостувањето кај Струга Трим Лум.

Кратовскиот тим ќе се обиде да ја продолжи одличната серија од четири победи по ред и со нов триумф во Струга дополнително да се приближи до својот ривал, со цел во финишот од сезоната да се вмеша во трката за посакуваната трета позиција.

Силекс веќе покажа дека знае како се победува во Струга, откако во февруари годинава славеше со 2-3 во возбудлив натпревар и со пресврт во последните десет минути. Од таборот на гостите и денеска се надеваат на ист исход и ново славје на тешкото гостување.

„Неслучајно Силекс во последните две години покажува карактер и се бори за врвот на табелата. Не сме таму каде што сме случајно, и сега ќе се обидеме да се пласираме што е можно погоре на табелата. Имаме и реванш во Купот, што е многу важен натпревар за нас, меѓутоа сега треба да мислиме како против Струга да изненадиме и да дојдеме до три бода. Во добра серија сме, играме добро, сега само така треба да продолжиме, да ја наметнеме нашата игра, и нормално, доколку видиме шанса да дојдеме до триумф, тогаш ќе треба да ја искористиме и да стигнеме до нова победа“, изјави играчот од средниот ред на Силекс, Дарко Додев.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!