Трета лигаФудбал

Дрита го „сопна“ Влазерими, Камјани победи и оди кон бараж за Втора лига

Сподели
ФОТО: ФК Камјани
Сподели



Кајмани славеше триумф над Речица од 2:1, а притоа го искористи поразот на Влазерими кај Дрита и со тоа веќе станува јасно оти Камјани ќе биде шампион во Трета лига – Запад и ќе игра бараж за влез во Втора лига.

Во рамки на 19. коло лидерот со погодоци на Даут Даути и Ебубекир Азиз славеше над Речица, а за гостинот единствен стрелец беше Наим Шаќири.

Дрита го „сопна“ Влазерими совладувајќи го со 3:2, Бесим Алили беше двоен стрелец, а еден гол постигна Брендим Рушити кој погоди во 89. минута и ги обезбеди трите бода, за гостинот од Кичево стрелци беа Мирлинд Ибраими и Лабинот Елези.

Доброшти со головите на Етеми, Муслија и Сулимани славеше со 3:0 над Скендербеу на домашен терен. Во меч со седум гола Љуботен славеше над Напредок од Кичево.

Гостинот преку Младен Котевски во 18. минута го отвори резултат за водство од 0:1 на полувреме. Во вториот дел за гостинот погодија Лука Ѓорески и Пецо Мирчески. За домашниот тим стрелаа Филип Билбилоски, Теодор Стојанов, Сеат Халими и Марко Мишиќ.

Мечот меѓу Џепчишти и Вардар Брвеница не се одигра, откако гостинот не се појави на теренот по чекање од 30 минути. Ова ќе значи службена победа за домашниот тим.

На врвот е Камјани со 46 бодови, а втор е Влазерими со 38 бодови.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот од 8. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со јасна цел – да стигне до...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!