Трета лигаФудбал

Борец со „петарда“ за Питу Гули, хет-трик на Роландо за убедлива победа на Росоман!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели



Лидерот Борец со убедливи 5:0 го доби Питу Гули на домашен терен во меч од 23. коло на Трета лига – Југ.

Теодор Мирчевски постигна два гола, а по еднаш погодија Стефан Филиповски, Матеј Панов и Филип Ефтовски.

Единствениот меч без погодоци беше тој меѓу Башкими од Јаболчиште и Млекар кој ги поделија бодовите откако одигра 0:0.

Трите бодови останаа во Долни Дисан откако Венец со 2:0 славеше над Превалец. Двата погодоци беа постигна по седум минути игра. Петар Ристовски уште во 1. минута го отвори резултат, а во 7. минута Александар Трајков погоди за конечни 2:0, откако мрежите потоа мируваа.

Влазними Јуниор со „лото“ победа над Младост од Кривогаштани, славејќи со 7:1. Фатон Ибраими постигнаа постигна четири екипи, а по еден гол постигнаа Мевлан Усеиноски, Хабијл Ибраими и Емрула Велиоски, а пак за гостинот единствен стрелец беше Христијан Мијајлески.

Победа со седум гола забележа и Росоман кој со 7:2 го доби Бучин во меч каде некогашниот второлигаш беше убедлив на теренот.

Роналдо Фазлиов постигна три гола, а по еден гол постигнаа Бојан Миланов, Слободан Дуков и Ненад Мициќ, а автогол од гостинската екипа си постигна Ѓорѓија Мургоски.

За гостинската екипа стрелаа Антонио Кукески и Христијан Тошески.

На врвот е Борец со 58 бодови, втор е Превалец со 49 бодови, а сега Венец од Долни Дисан се бори за второто место бидејќи е трет со 46 бодови.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Слога Злеово го „тресна“ Спартмани, Интер Кукла го чува врвот со триумф над Илинден

Ништо од новите засилување – Спартмани очајно ја започна пролетната полусезона откако загуби и од Слога во Злеово со резултат од 2:1, со...

Трета лигаФудбал

Дрита го „сопна“ Влазерими, Камјани победи и оди кон бараж за Втора лига

Кајмани славеше триумф над Речица од 2:1, а притоа го искористи поразот на Влазерими кај Дрита и со тоа веќе станува јасно оти...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Слога Злеово го „тресна“ Спартмани, Интер Кукла го чува врвот со триумф над Илинден

Ништо од новите засилување – Спартмани очајно ја започна пролетната полусезона откако...

Трета лигаФудбал

Дрита го „сопна“ Влазерими, Камјани победи и оди кон бараж за Втора лига

Кајмани славеше триумф над Речица од 2:1, а притоа го искористи поразот...

Трета лигаФудбал

Могила го доби дербито со Славеј Мешеишта и го искористи поразот на лидерот Влазними

Интересни и возбудливи натпревари донесе 15. коло на Трета лига – Југозапад,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!