ФудбалФутсал

Проект слави висока победа над Осогово, важен триумф за Јувентус Серава, триумф за Форца!

Сподели
Сподели

Седмата рунда од Првата футсал лига беше отворена во Кавадарци каде Црна Река и Кеги Моби ги поделија бодовите откако двете екипи одиграа 3:3.

Блажевски, Димов и Коцев беа стрелци за домашнот тим, додека пак за гостинот од Велес стрелец на сите три погодоци беше Атанасовски.

Бутел на домашен терен претрпе нов пораз, овој пат од Јувентус Серава со резултат од 5:8 со што гостинскиот тим запиша важен триумф.

Калчев беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигнаа Абази, Манџуковски и Тодоровски. За гостинскито тим АМет Бајрами, Сами Аљиљи и Армандо Алијевиќ беа двојни стрелци, додека пак Шабани и Мамуд постигнаа по еден гол.

Меч со девет погодоци се одигра во Гевгелија каде Проект со 7:2 беше подобар од Осогово, откако во првиот дел немаше погодоци. Во второто полувреме Ристовски постигна гол за 0:1, а пак Даиловски израмни. Тодоровски по втор пат обезбеди предност за Осогово, а пак Даиловски со втор гол одново израмни на 2:2. До крајот на мечот Благојевски постигна хет-трик, а пак Јаневски и Стојановски со по еден гол ги постави конечните 7:2.

Колото ќе се комплетира утре со натпреварот меѓу Шкупи и Железарец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го совлада Арсими во натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите 64 екипи кои ќе ја продолжат битката во второто коло. Меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!