Ракомет

Голема борба во Целје: Охрид со активен резултат пред реваншот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид претрпеа минимален пораз од 27-26 на гостувањето кај Целје во првиот полуфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп. Иако одиграа меч со големи осцилации, избраниците на Борис Ројевиќ во финишот покажаа карактер и се изборија за активен резултат пред реваншот на домашен терен на 2 мај.

Охриѓани имаа одличен старт на натпреварот и со серија од 0-6, предводени од Тасески, Ојлески, Иванковиќ и Стрмљан, целосно го изненадија домаќинот. Во првите 17 минути македонскиот тим ја контролираше играта и резултатот, имајќи предност и од 10-7.

Сепак, следуваше пад во играта на Охрид. Целје успеа да се врати во мечот и со серија од 8-0 направи комплетен пресврт. Охриѓани цели 11 минути не постигнаа погодок, што домаќините го искористија за водство од 15-11 на полувремето.

Во второто полувреме Целје ја зголеми предноста и во еден момент имаше и максимални „плус седум“ (22-15), но Охрид не се предаде. Со зацврстена одбрана и подобра реализација, македонскиот тим постепено ја намалуваше разликата.

Во неизвесната завршница, Охрид имаше и шанси да дојде до уште поповолен резултат, но не ги искористи клучните напади. Сепак, во последните секунди Дарко Ѓукиќ погоди од крило за конечни 27-26, оставајќи го двомечот целосно отворен.

Најефикасен на натпреварот беше Анжиќ со осум гола, додека кај Охрид се истакнаа Ѓукиќ со пет погодоци, како и Иванковиќ и Стрмљан со по четири.

Реваншот во Охрид ќе биде решавачки за пласман во финалето, а македонскиот претставник ќе има реална шанса да ја надополни минималната негатива.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки...

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На ждрепката во Виена беше одредено скопскиот состав да ги одмери...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп....

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи...

Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!