Прва лигаФудбал

Македонија Ѓ.П. го шокира Работнички и останува во игра за опстанок

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија Ѓ.П. го совлада Работнички со 2:1 во натпреварот од 29. коло во Првата МФЛ и освои исклучително важни три бода во битката за опстанок. „Лавовите“ со овој триумф остануваат во игра за зачувување на прволигашкиот статус.

Домашниот тим поведе уште во втората минута, кога по едно нафрлување Кабаркас најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе мрежата на Работнички. Гостите се обидоа брзо да возвратат, па во 14. минута Сухељ Мухарем имаше добра можност за израмнување, но неговиот удар заврши непрецизно.

Македонија Ѓ.П. продолжи да притиска, а во 22. минута Лазаревиќ по корнер ја погоди гредата. Само една минута подоцна и Софијаноски со удар со глава ја затресе рамката од голот. Темпото на игра остана високо, со шанси на двете страни, сè до 63. минута кога Џангаровски со одличен соло продор зголеми на 2:0.

Работнички не се предаде и веќе во 68. минута успеа да намали преку Сухељ Мухарем, кој погоди од непосредна близина за 2:1. До крајот на натпреварот гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, а најблиску беше Манојлов во 78. минута, но не успеа да реализира.

Со оваа победа, Македонија Ѓ.П. останува претпоследна на табелата со 27 бодови, само еден помалку од Работнички и два од Пелистер, кој се наоѓа над зоната за бараж. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, а во следното Македонија Ѓ.П. ќе гостува кај Шкупи, додека Работнички го очекува директен дуел со Пелистер.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на Скопје вечерва ќе гостува во Штип и ќе ги одмери силите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!