Делегирани судиите за натпреварот меѓу Македонија ЃП и Работнички, меч за опстанок во Првата лига.
Главен арбитар ќе биде Јован Качевски, а негови помошници ќе бидат Разма Бакрачески и Климент Ристоски, додека пак четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ.
ВАР судија ќе биде Игор Стојчевски, додека пак АВАР судија ќе биде Мартин Дејаноски, а оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј Димитриевски.
Сулејман Ибиши ќе биде делегат, а контролор на средбата која стартува во 16 часот ќе биде Дејан Јакимовски.