Кошарка

Пелистер убедливо против лидерот ТФТ – отворена е трката за првото место

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Екипата на Пелистер запиша убедлива победа во дерби натпреварот од третото коло на ТОП 8 фазата, откако на домашен терен во Битола ја совлада водечката екипа во првенството ТФТ со високи 105:69. Со овој триумф „зелено-белите“ ја отворија трката за првото место во регуларниот дел од сезоната.

Домашниот состав имаше одличен старт и уште од првата четвртина ја најави победата, откако по десет минути игра стекна убедлива предност од 32:17. До полувремето, Пелистер целосно доминираше на паркетот и замина на одмор со огромни 66:37.

Во продолжението ТФТ успеа делумно да се консолидира и ја доби третата четвртина (53:78), но тоа беше единствениот посериозен отпор на гостите, бидејќи разликата од првото полувреме беше недостижна.

Пелистер имаше балансиран напад, а сите пет стартери завршија со двоцифрен учинок. Дејвис и Вилсон постигнаа по 20 поени, при што Вилсон додаде и 11 скока. Џенкинс реализираше 18 поени, Малешевиќ 11 поени и 12 скока, додека Митревски запиша 10 поени. Од клупата се истакна Лука Стојановски со 12 поени и 5 асистенции.

Со оваа победа Пелистер стигна до 17. триумф во сезоната, наспроти 8 порази, додека ТФТ сега има скор 21-4, исто како и МЗТ Скопје Аеродром, но поради службен пораз, скопскиот тим останува лидер на табелата.



Кај ТФТ, Стојаноски постигна 16 поени и имаше 9 скока, Дејвис додаде 15, а Зафиров и Ташовски завршија со по 10 поени.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за...

Кошарка

Куманово шампион на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, Стојан Ѓуроски МВП

МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“,...

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!