Ракомет

РК Феникс врши уписи: Нова можност за младите ракометари од Радовиш

Сподели
Сподели



Новиот ракометен проект во градот, РК Феникс, официјално започна со упис на нови членови, продолжувајќи ја својата мисија за развој на млади таленти и создавање нова спортска приказна во Радовиш.

Клубот ги повикува сите деца родени 2018 година и постари – момчиња и девојчиња, да се приклучат и да ги направат своите први ракометни чекори во организирана и професионална средина.

Од Феникс потенцираат дека акцентот не е само на спортските резултати, туку и на правилниот раст и развој на децата преку спортот. Тренинзите ќе се одвиваат под водство на лиценцирани и посветени тренери, со цел да се изградат дисциплина, тимски дух и самодоверба кај најмладите.

Покрај тоа, клубот нуди здрава средина за дружење и стекнување нови пријателства, како и можност младите ракометари да се развијат во идни ѕвезди на радовишкиот ракомет.



Од клубот порачуваат дека Феникс не е само спортски колектив, туку вистинско семејство каде се градат идните шампиони.

Сите заинтересирани можат да се пријават на телефон 078 673 345 и 077 825 580, преку е-пошта rk.feniks2026@gmail.com
или преку Instagram профилот на клубот (@rk_feniks2026).

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Гевгелија е местото за ново дружење на младите кошаркарски таленти од цела Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на М12 каравани. односно проектот посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е...

Кошарка

Струмица прв финалист, Бутел и Соколи ќе решаваат во мајсторка

Екипата на Струмица 2001 е првиот финалист во доигрувањето за пласман во Супер лигата, откако со максимални 2-0 во серијата го елиминира Борец...

Поврзани написи
Ракомет

Познати арбитрите за полуфиналето во Европскиот Куп!

ЕХФ ги одреди службените лица за полуфиналниот двомеч во Европскиот Куп, во...

Ракомет

Охрид се подготвува за Целје – отворен фан шоп за навивачите

Во пресрет на полуфиналниот натпревар со Целје во Словенија, ГРК Охрид ги...

Ракомет

Вардар го доби најголемиот спонзор во историјата на клубот!

РК Вардар и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!