Ракомет

Вардар го доби најголемиот спонзор во историјата на клубот!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

РК Вардар и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го промовираа своето партнерство, со кое компанијата станува еден од главните поддржувачи на клубот.

Соработката има за цел создавање уште посилен тим и реализација на амбициозните цели на „црвено-црните“, кои моментално се лидери во домашната Суперлига и се на добар пат кон враќање на шампионската титула.

Воедно, Вардар го очекува и четвртфиналниот предизвик во Европската лига на ЕХФ.

„Денеска ми е убав ден. Пред половина час потпишавме еден договор за соработка. Ова не е договор од денеска за утре, туку соработка за која се надевам дека ќе трае и во иднина. Тие секогаш спонзорираат, почнувајќи од автомобилизам, па до кошаркарски и ракометни клубови. Но, видоа што е за нив предизвик да спонзорираат. Најголем предизвик е да се биде спонзор на Вардар. За тоа сум им многу благодарен. Ова ќе биде голем ветер во грб, за да се обидеме да се вратиме на патеките каде што припаѓаме. Немаме илузии дека веднаш можеме да ги повториме 2017 и 2019 година, но одиме чекор по чекор, да го постигнеме максимумот што можеме и да бидеме меѓу десетте најдобри во Европа.“, изјави Михајло Михајловски, актуелен претседател на РК Вардар.

Вардар е препознатлив белег и затоа Касино Аустрија Интернешанал Македонија одлучи да ги поддржи амбициите на клубот, и на домашната и на меѓународната сцена. Имаме амбиција Вардар повторно да се врати на меѓународната сцена и се надеваме дека заедно со публиката ќе придонесеме за тоа. Сакаме да го поддржиме спортот и затоа сме тука.

„Горди сме што како компанија стануваме дел од семејството на РК Вардар. Тоа е клуб со традиција, страст и шампионски дух. Не треба многу да зборуваме, Вардар е Македонија, нешто што се знае и надвор од границите на државата.Тука сме да дадеме малку ветер во грб на раководството, клубот да се врати на старите патишта, кон самиот врв во ракометот. Се надеваме дека ќе помогнеме, и тоа во континуитет, со години, и заедно со другите спонзори кои се вклучија, Вардар да се врати таму каде што припаѓа. Сакаме да ги полниме салите, да бидеме со Вардар и заедно да ги славиме успесите на клубот. Ги повикуваме и сите други кои се во можност да помогнат, да го направат тоа. Важно е да се биде дел од Вардар. На играчите останува да се борат и да прават резултати.“, изјави Аднан Шариќ, директор на Касино Аустрија Интернешанал Македонија.

Од компанијата додаваат дека нивната поддршка претставува инвестиција во спортот, младите и вредностите што ги носи ракометот, дисциплина, тимска работа и посветеност.

Вечерва РК Вардар  ќе го одбележи својот 65-ти роденден на натпреварот против РК Алкалоид, кој ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот. Фан-зоната на платото пред салата ќе започне час и половина пред натпреварот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Кога има желба има и услови: Липково со перфектен фудбалски терен

Фудбалскиот терен во Липково денес изгледа како вистинска спортска оаза, со зеленило во полн сјај и рамен терен кој овозможува одлични услови за...

Прва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ одлучи: Башкими казнет четири натпревари и 5.000 евра казна

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да го казни ФК Башкими 1947 Куманово со забрана за играње на домашен терен...

Поврзани написи
Ракомет

РК Феникс врши уписи: Нова можност за младите ракометари од Радовиш

Новиот ракометен проект во градот, РК Феникс, официјално започна со упис на...

Ракомет

Познати арбитрите за полуфиналето во Европскиот Куп!

ЕХФ ги одреди службените лица за полуфиналниот двомеч во Европскиот Куп, во...

Ракомет

Охрид се подготвува за Целје – отворен фан шоп за навивачите

Во пресрет на полуфиналниот натпревар со Целје во Словенија, ГРК Охрид ги...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!