Ракомет

Никола Митревски останува во Пелистер: Нов договор за сезоната 2026/27

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот врз стабилни темели, откако најдобриот македонски голман Никола Митревски потпиша нов договор со клубот.

Искусниот чувар на мрежата се обврза на соработка за сезоната 2026/27, со опција истата да биде продолжена и за сезоната 2027/28.

Од клубот истакнуваат дека задржувањето на Митревски е повеќе од спортска одлука, нагласувајќи дека вредностите кои тој ги носи се клучни за иднината на тимот.

Митревски важи за еден од столбовите на македонската репрезентација, но и вистинско „дете на клубот“, кој зад себе има повеќе од две децении врвен ракомет. Низ кариерата настапуваше за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто, освојувајќи трофеи каде и да брани.

Во Битола, пак, неговото присуство има посебна тежина, бидејќи, како што велат од клубот, најголемо задоволство е кога успесите се споделуваат со „своите“.

Очекувањата се дека Митревски и во наредниот период ќе биде еден од главните носители на играта и лидер во соблекувалната на Пелистер.

Со ова продолжување, актуелниот шампион испраќа јасна порака дека континуитетот и клупските вредности остануваат приоритет и во наредните сезони.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло...

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!