ФудбалФутсал

Новиот шампион Проект го декласираше Шкупи – четири гола на Коцевски

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели



Убедлива победа забележа новиот шампион Проект, откако со 9:3 на домашен терен го декласираше Шкупи.

Ѓорги Коцевски постигна четири погодоци за тимот од Јосифово, двоен стрелец беше голгетерот Марио Благојевкси, а по еден гол постигнаа Бојан Јанев и Димитар Јанев.

Арсим Фазлиу си постигна автогол, додека пак стрелци за Шкупи беа Абдил Кадир Јахја со два гола и Еркан Сефери со еден гол.

Тимот на Проект стигна до 16-тата победа од толку натпревари и има максимални 48 бодови, Шкупи сега е шести со 20 бодови.

Во следното коло тимот на Проект ќе гостува во Крива Паланка кај Осогово, а Шкупи ќе го пречека Клими.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2029, информира дека од денеска...

Кошарка

Успешно беше реализиран кошаркарскиот караван за најмалите кошаркари и кошаркарки во Гевгелија

Викендов успешно беше реализиран кошаркарски хепенинг за најмладите кошаркари и кошаркарки кој се одржа во салата „26 Април“ во Гевгелија. Овој настан донесе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од...

Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!