Ракомет

Вардар со шампионски карактер: во драматично финале го скрши отпорот на Охрид за 18. Куп титула!

Сподели
Сподели



Ракометарите на Вардар 1961 повторно се искачија на врвот во Купот на Македонија, откако во неизвесно финале во Струмица славеа против Охрид со минимални 24-23. „Црвено-црните“ покажаа повеќе смиреност во клучните моменти и стигнаа до нов, вкупно 18-ти трофеј во ова натпреварување.

Вардар подобро го отвори натпреварот и рано создаде предност од неколку голови разлика, која ја одржуваше во најголем дел од првото полувреме. Сепак, охриѓани не се предадоа, постепено ја топеа негативата и во самиот финиш од првиот дел успеаја да се вратат во игра, па на пауза се замина со минимална предност на скопскиот тим (13-12).

Во продолжението, Охрид заигра поагресивно и во еден период целосно го сврте текот на натпреварот, стигнувајќи и до водство од три гола (20-17). Во тие моменти изгледаше дека „гладијаторите“ се поблиску до трофејот, но Вардар не дозволи пад и со серија одбрани и погодоци брзо се врати во егал.



Финишот донесе вистинска драма. При резултат 23-24, Вардар не искористи напад за да ја затвори приказната, па Охрид доби последна шанса за израмнување. Сепак, обидот за атрактивен „цепелин“ не беше реализиран и времето истече, по што започна големото славје на вардарци.

Херој на завршницата беше голманот Валах со неколку клучни интервенции, додека во нападот се истакнаа Малус и Хориха. Кај Охрид, Ѓукиќ и Јасухира беа најрасположени, но тоа не беше доволно за историски успех.

Вардар со овој триумф ја потврди својата доминација во Купот, а воедно останува во трка и за двојна круна сезонава, додека Охрид, и покрај поразот, покажа дека има тим за големи дострели.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје со пораз ја започна сезоната во АБА2-лигата

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, со пораз ја започна новата сезона во АБА2-лигата. „Сино-белите“ на гостувањето во Никшиќ загубија од домашната...

Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа, сега се соочува со резултатска криза откако тимот од Штип претрпе...

Поврзани написи
Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа,...

Ракомет

Пионерите на Младост 1977 од Богданци доминираат во лигата: Пет натпревари, пет победи!

Пионерскиот тим на РК Младост 1977 од Богданци игра одлично во Пионерската...

Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!