Останато

Работнички го „збриша“ штипски Младост УГД со максимален ефект, Наковски Волеј ја доби Јанта Волеј

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели



Стартуваше полуфиналната борба за шампионската титула во Првата одбојкарска лига на Македонија во женска конкуренција со првите мечеви.

Работнички со максимални 3-0 во сетови убедливо го доби Младост УГД, среде Штип, иако домаќинот даваше отпор особено во првиот и вториот сет, сепак немаше сили да освои ниту еден сет.

Во првиот сет скопскиот тим беше подобар со 22:25, а во вториот со 24:26, додека пак во третиот сет Работнички беше сигурен со 16:25 за конечни 0-3.

Тамара Стојанова со 14 поени, Марија Василевска со девет и Андротеа Милевска со осум поени беа најефикасни во победничкиот тим.

Реваншот се игра во Скопје в понеделник.



Екипата на Наковски Волеј со 3-1 во сетови го победи актуелниот шампион Јанта Волеј во првиот полуфинален дуел.

Првиот сет го доби струмичкиот тим со 25:18, а пак вториот сет му припадна на скопскиот тим со 22:25. Во следните два сета подобар беше тимот на Наковски Волеј со 25:19 за 2-1 во сетови и 25:21 за конечни 3-1 во сетови.

Мечот беше доста неизвесен, а како и во претходните меѓусебни дуели противниците тактички се надмудруваа, но константноста во играта која е одлика на девојките на Наковски сезонава одново беше клучен фактор за победата.

Реваншот се игра в понеделник во Скопје.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото сезонско славје, од предност со седум гола до пораз од еден...

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат одиграни утре и три натпревари в недела. Новајлијата Илинден на домашен...

Поврзани написи
Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026,...

Останато

Камјани и Работнички победници на Купот на Македонија за пионери и пионерки

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!