Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера е есенски шампион, Накова постигна шест гола за Љуботен, Саса пресилна за Ас Јунајтед!

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

Заврши есенската полусезона во Првата женска фудбалска лига со одигра 14 кола, а есенски шампион во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција е екипата на Тиверија Брера од Струмица. Следува зимска пауза, а пролетниот дел ќе започне со натпреварите од 15. коло.

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 14. коло на Првата женска фудбалска лига, коло кое беше одигирано според очекуваното без изненадувања, односно фаворитите одиграа според планот.

Непоразениот лидер Тиверија Брера на домашен терен со високи и убедливи 3:0 го доби Скопје со што струмичанки ја продолжуваат својата доминација на патот кон обезбедување на титулата.

Само две минути беа потребни за домашниот тим да дојде до водство од 1:0, откако стрелаше Тчеури Харуми Гоја. Во финишот на првиот дел Теона Галабовска постигна гол за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел струмичанки немаа проблем, со уште еден гол кој беше дело на Павлинка Николовска во 74. минута, Тиверија Брера ја потврди новата победа од конечни 3:0 над Скопје.

Ас Јунајтед претрпе тежок пораз на домашен терен во Струга, откако беше декласиран од Каменица Саса со високи 1:6. Победата беше најавена уште во првиот дел од мечот откако гостинот од Каменица Саса имаше 0:4 на полувреме во Струга.

Бугарската интернационална Антонина Шопска постигна четири погодоци, а по еден гол постигнаа Гамарт Михаела, Туане Де Соуза Фрагосо и Ева Андонова.

За домашниот тим кој во оваа сезона е далеку од тимот од претходната сезона единствен стрелец беше Оливера Цоклеска, која стрелаше во 56. минута.

Шампионот Љуботен по поразот од Каменица Саса во дербито кое се одигра во претходното коло експресно се врати на победничките патеки, откако со 10:2 го торпедираше инфериорниот противник Речица.

Повеќе од јасна беше разликата во квалитетот, а победата беше сосема очекувана. Настасја Накова постигна шест погодоци во мрежата на Мелани Додевска, а по еден гол за шампионот постигнаа Александра Јовановска, Хава Мустафава, Елена Симјановска и Андреа Колевска.

За гостинскиот тим двоен стрелец беше Емили Митковска, која двата погодоци ги постигна во првиот дел од мечот кој се одигра во Тетово.

Сигурена победа од 3:0 на домашен терен салвеше Истатов над тимот на Топ Гол од Битола. Мелани Грозданова по пет минути игра погоди за 1:0, а во 13. минута Радица Чонева постигна гол за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел од мечот Чонева постигна уште еден гол за конечни 3:0 и триумф на тимот на Истатов.

Во рамки на оваа коло слободна беше екипата на Атлетико од Битола.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 13 12 1 0 68 5 +63 37
2 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 13 11 0 2 46 10 +36 33
3 ЖФК ЉУБОТЕН 12 10 1 1 47 9 +38 31
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 13 8 0 5 27 17 +10 24
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 12 5 1 6 18 31 -13 16
6 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 12 2 2 8 11 27 -16 8
7 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 12 2 1 9 11 31 -20 7
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 12 2 0 10 19 38 -19 6
9 ЖФК РЕЧИЦА 13 1 0 12 8 87 -79 3
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) 0 0 0 0 0 0 0 -3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!