Останато

На 16 април започнува финалната битка за титулата во машката одбојка

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Финалната серија од плејофот во машкото национално првенство започнува на 16 април во Штип, каде што најдобрите две екипи оваа сезона, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја отворат борбата за шампионската титула. Титулата ќе ја освои тимот кој прв ќе стигне до три победи.

Штип УГД, лидер на табелата, и ГОК Борец, второпласираниот тим, во текот на целата сезона демонстрираа стабилност и квалитет, што им обезбеди место и во финалето на Купот на ОФМ 2026, одиграно пред десетина дена во Скопје. Сега, повторно ќе се соочат во директна пресметка за нов трофеј – шампионскиот.

Во координација со националниот сервис, кој ќе врши директен пренос, финалната серија „подобар од пет“ ќе се игра во термините понеделник и четврток.

Штип УГД во финалето влегува како освојувач на Купот на ОФМ 2026 и со јасна цел да ги обедини титулите, додека ГОК Борец по пауза од три години се враќа во битка за својата прва шампионска круна од осамостојувањето на Македонија.

ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ МАЖИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

1.НАТПРЕВАР (16.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)

2.НАТПРЕВАР (20.04.2026) – ГОК Борец – Штип УГД (Велес)

3.НАТПРЕВАР (23.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)

4.НАТПРЕВАР (27.04.2026) – ГОК Борец – Штип УГД (Велес)

5.НАТПРЕВАР (30.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!