Втора лигаФудбал

Ново реми без погодоци на Охрид: Делба на бодови со Ксилофагу Еспортс

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Во рамки на 4. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) Охрид се соочи со екипата на Ксилофагу Еспортс од Кипар, натпревар полн со шанси, но фалеше тој последен пас за да може да има погодоци, на крајот двете екипи ги поделија бодовите играјќи 0:0.

“Рибарите” имаа иницијатива и неколку изгледни шанси, но не успеаја да го скршат отпорот на тимот од Кипар.

Охриѓани одиграа уште еден квалитетен натпревар и по четири кола остануваат непоразени со биланс од трк ремија и една победа имаат шест бодови на своето конто.

Охрид оваа сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions) е застапуван од Иван Иванов – државен шампион во eFootball во Македонија, играч кој потекнува од Радовиш, како и Марко Дринаковиќ, Вук Алексиќ и Милорад Зовичевиќ, а лигата се игра во популарниот 3 на 3 мод.

Во следното коло екипата на Охрид ќе оди по својата втора сезонска победа против тимот на Марибор.




Во рамки на првото коло Охрид одигра 0:0 со Будуќност од Црна Гора, а во второто коло со 2:0 славеше над Тиквеш во македонското дерби, а во третото коло одигра 0:0 со Локомотива Загреб.

Натпреварите може да се следат во живот на Arena eSport ТВ каналот, како и на нивниот официјален YouTube канал, а Спортска Мрежа е медиумски покровител на тимот на Охрид.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското Гранд При (Е6), освојувајќи го сребрениот медал во кадетска конкуренција до...

Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој на Градскиот стадион во Гостивар, Арсими ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица им оддаде почит на клупските легенди Благој Митев и Димитар Георгиев – Шеки

Фудбалскиот клуб Беласица им оддаде посебна почит на две значајни имиња од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!