Фудбалерите на Брера Струмица предводени од тренерот Мартин Алаѓозовски денес гостуваат во Куманово каде во рамки на 26. коло на Првата лига ќе се соочат со Башкими.
Овој натпревар е од капитална важност и за двете екипи кои одат по потврда на директен опстанок во елитата.
Брера Струмица сега е седма со 31 бод, а пак Башкими е шести со 36 бодови. Со трите бодови и двете екипи ќе направат сериозен чекор кон потврда на опстанокот и затоа доаѓа и големиот притисок за трите бодови.
Натпреварот стартува во 15:30 часот.