Утре со два натпревари ќе биде отворено 26. коло во Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите за двата воведни меча.
Во Кавадарци ќе се соочат Тиквеш и Силекс, а главен арбитар на овој меч ќе биде Бењамин Ќерими, негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Дарко Видиниќ, а пак четврт судија е Александар Василевски.
ВАР судија е Никола Костенчев, а пак АВАР судија е Мартин Дејаноски, оператор за повторување на снимка е Виктор Васев.
Делегат на мечот во Кавадарци ќе биде Гоце Цветановски, а контролор е Александар Ставрев.
Башкими на домашен терен ќе игра против Брера Струмица, а главен судија на овој меч ќе биде Влатко Илиоски, асистенти ќе бидат Борис Трајков и Дино Конески, а четврт судија е Кирил Смоквоски.
Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Вјолца Изеири, оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Мукоски.
Делегат на оваа средба е Гоце Шопоски, а контролор е Тони Глигоров.
Двата натпревари започнуваат во 15:30 часот.