Прва лигаФудбал

Секуловски: Респект за Шкендија, но одиме по позитивен резултат во Тетово

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер денес игра против Шкендија во Тетово, клучен и многу важен меч во трката за опстанок на битолчани, ова ќе биде деби на старо-новиот тренер Марјан Секуловски, кој ја презеде клупата на Пелистер во момент кога тимот има три порази и две ремија од последните пет средби.

Секуловски истакна дека добро работеле во изминатите десет дена и дека е задоволен од сработеното, притоа нагласи дека имаат почит кон Шкендија, но одат по позитивен резултат во Тетово.

„Добро работиме во изминатите 10 дена и задоволен сум од ангажманот на играчите. Првиот натпревар ни е против Шкендија и во овој период се обидовме да поставиме работи што ќе ни бидат корисни за утрешниот дуел. Имаме максимален респект за противникот — нивните резултати во првенството, Купот и особено во европските натпреварувања зборуваат сами за себе. Ние ќе се обидеме да одиграме максимално сконцентрирано и да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат“, вели тренерот на Пелистер.

Натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер се игра денес и стартува во 13:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Третолигашот Ржаничино ја продолжи соработката со Калач, Здравковски и Тасевски

Третолигашот Ржаничино активно работи на ростерот за следната сезона, откако овој скопски клуб ја продолжи соработката со уште три фудбалери. И во новата...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Тиквеш утре го има првиот предизвик во Турција – ривал е рускиот суперлигаш Балтика

Тиквеш влегува во главниот дел од подготовките во Турција, каде во наредниот период ќе одигра повеќе контролни натпревари како дел од подготовките за...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Третолигашот Ржаничино ја продолжи соработката со Калач, Здравковски и Тасевски

Третолигашот Ржаничино активно работи на ростерот за следната сезона, откако овој скопски...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Тиквеш утре го има првиот предизвик во Турција – ривал е рускиот суперлигаш Балтика

Тиквеш влегува во главниот дел од подготовките во Турција, каде во наредниот...

Втора лигаФудбал

Пелистер се раздели со шестмина фудбалери, клубот испрати емотивна порака: Пелистер засекогаш останува ваш дом

Пелистер продолжува со промените во играчкиот кадар пред почетокот на новата сезона...

Прва лигаФудбал

Иван Глигоров ќе тресе мрежи за Арсими, прволигашот од Чегране го претстави младиот напаѓач

Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!