Прва лигаФудбал

Силекс го „напуни“ Шкупи, Брера со пресврт до златни бодови во битката за директен опстанок!

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Во рамки на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, екипите на Силекс и Брера Струмица запишаа значајни победи, секоја на свој начин – кратовци убедливо, струмичани со пресврт.

Силекс на домашен терен одигра моќен натпревар и со убедливи 6-0 го декласираше последнопласираниот Шкупи. Домаќините уште од самиот старт ја наметнаа својата игра и веќе по десетина минути имаа солидна предност. Стрелци за убедливиот триумф беа Ади Алиќ, Пиреш, Мартин Мирчевски (од пенал), Едис Бутуровиќ, Дарко Анѓелески (од пенал) и Илија Донов. Со оваа победа Силекс се врати на победничките патеки и ја зацврсти позицијата во горниот дел од табелата.

На другата страна, Брера Струмица дојде до многу важна победа против директниот конкурент за опстанок, Арсими, совладувајќи го со 2-1. Гостите поведоа рано преку Маркел Гони, но Брера брзо возврати преку Филип Михаилов од пенал. Одлучувачкиот момент се случи во 79. минута кога Леонардо Петровиќ донесе пресврт и три бода за струмичани.

Со овој триумф Брера направи значаен чекор во борбата за опстанок и се искачи над опасната зона, додека Силекс со убедливата победа испрати јасна порака дека повторно е во препознатлива форма.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата...

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!