Прва лигаФудбал

Силекс ја брка првата домашна победа – Шкупи гостува во Кратово

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Силекс се наоѓа во резултатска криза, откако на последните четири натпревари во Првата македонска фудбалска лига забележа две ремија и два порази. Тимот сè уште нема победа на домашен терен во пролетниот дел од сезоната, а денеска во Кратово му гостува последнопласираниот тим на Шкупи.

Ова е добра можност за Силекс да се врати на победничките патеки и да започне серија на позитивни резултати со кои дополнително ќе ја зацврсти четвртата позиција на табелата. Сепак, и покрај фаворитската улога, од кратовскиот табор потенцираат дека бодовите мора да се заслужат на терен и дека противникот не смее да се потцени.

Со оглед на формата и состојбата на противникот, сè освен победа на Силекс би претставувало големо изненадување.

„Очекувањата се само три бода на домашен терен против екипата на Шкупи. Овој меч доаѓа во вистински момент за нас. Сега имаме свежина после паузата поради репрезентациите, и се надевам дека ќе ги освоиме бодовите и дека потоа ќе почнеме една долга победничка серија. Нема никого да потцениме, треба да излеземе на терен, да ги одработиме задачите кои ќе ни бидат поставени и да дојдеме до триумф“, изјави дефанзивецот на Силекс, Ѓорѓе Џеков.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата...

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!