Трета лигаФудбал

Бобан Тошески носи три бода за Ултрас, Росоман го доби дербито на колото, реми на Дреново и Превалец!

Сподели
Сподели

Дербито на 11. коло го доби Росоман кој со 2:1 славеше над Младост од Кривогаштани во меч резултатски пресврт. Димоски постигна гол за 0:1 на полувреме, а во вториот дел некогашниот второлигаш преку Атансов и Трикиќ дојде до конечните 2:1.

Бучин добива службени три бодови (0:3 службен резултат) со откажаниот Бучин.

Трите бодови останаа во Крушево откако Питу Гули преку двата гола на Беким Алимоски со 2:0 го совлада Влазними Јуниор.

Дреново и Превалец ги поделија бодовите откако одиграа 1:1, во меч каде гостинот може да жали за ваквиот резултат, откако не искористи пет до шест стопроцентни шанси. Маријан Здравевски во 69. минута посигна гол за 0:1, а во 87. минута Арменд Мемедов постигна гол за конечни 1:1.

Слога на домашен терен со 3:1 преку резултатски пресврт славеше над Башкими 2008. Каришиќ си постигна автогол со што гостинот имаше 0:1 на полувреме, а во вториот дел токму Каришиќ погоди за 1:1. До крајот Машовиќ и Угљанин погодија за пресврт и победа од 3:1.

Венец на домашен терен загуби од тимот на Ултра со 2:4, откако за домашниот тим во првиот дел стрелаа Донев и Митрев, а за гостинот Бобан Тошески постигна хет-трик, а еден гол беше дело на Богојевски.

Слободна во оваа коло беше екипата на Големо Коњари.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ВО ТРЕГА ЛИГА – ЈУГ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 10 8 1 1 29 3 +26 25
2 ФК РОСОМАН-83 10 6 2 2 17 11 +6 20
3 ФК УЛТРАС 10 5 2 3 32 22 +10 17
4 ФК МЛАДОСТ 1930 10 5 2 3 19 10 +9 17
5 ФК ПРЕВАЛЕЦ 10 4 4 2 18 11 +7 16
6 ФК БАШКИМИ 2008 10 4 4 2 18 13 +5 16
7 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 11 4 3 4 21 17 +4 15
8 ФК ПИТУ ГУЛИ 10 4 3 3 12 9 +3 15
9 ФК Бучин 10 3 4 3 13 16 -3 13
10 ФК ДРЕНОВО 2016 10 2 5 3 16 17 -1 11
11 ФК Влазними Јуниор 10 2 1 7 16 33 -17 7
12 ФК СЛОГА 1976 11 2 1 8 13 37 -24 7
13 ФК ОБРШАНИ 10 1 0 9 8 33 -25 3
14 ФК МАРЕНА 0 0 0 0 0 0 0 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тодоровски: Ова е многу важен триумф за нас, успеавме да ја надиграме Брегалница

Вардар победнички ја отвори новата сезона во која ќе ја брани титулата,...

Втора лигаФудбал

Кожуф минимално го доби Новаци на пријателски меч, Ашовалиев стрелец на погодокот

Второлигашите Кожуф и Новаци одиграа пријателски натпревар кој заврши со минимална победа...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица се засили со Зоран Андонов и Асан Рифадов

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш продолжува со екипирање на тимот за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!