Некогашниот прволигаш Ренова на домашен терен загуби од Добришти со резултат од 3:2, во рамки на 15. коло на Трета лига – Запад.
За домаќинот погодија Агон Хашими, Артон Аземи и Сутки Муслија, а за гостинот двоен стрелец беше Ерзен Ходаи.
Љуботен играше со Џепчишти, а гостинот имаше лото победа од 1:7. Халими беше единствен стелец за Љуботен, за гостинот погоди Зубери, Садики имаше хет-трик, Абдија погоди двапати, а еден гол даде Саљиу.
Дрита во Боговиње ги одмери силите со Вардар од Брвеница, за славје на домашните со резултат од 4:3. Алили и Абази постигнаа погодоци по три минути игра за домашниот тим, а потоа двапати погоди Рушити. За гостинскиот тим Антовски, Костадиновски и Брњарчевски беа стрелци.
Влазерими против Речица славеше со 2:0 со погодоците на Албулен Имери.
Скендербеу на домашен терен беше поразен од кичевски Напредок со резултат со убедливи 1:6. За поранешниот домаќин погоди само Реџепи, а за гостинот Котевски погоди двапати, а по еднаш Симјаноски, Калевски и Даутоски, а пак Бајрами од домашниот тим си постигна автогол.