Последното коло ќе ги реши сите дилеми, каков ќе биде распоредот на екипите за доигрувањето во плеј-офот на Првата кошаркарска лига.
Ниту седмото коло од Првата македонска лига не донесе сериозни промени во поглед на позициите на табелата, особено оние први четири кои водат кон доигрувањето за место во Супер лигата.
Четирите водечки екипи забележаа уште по една победа, што значи дека не се случи никакво поместување во поредокот.
Двете екипи кои ја делат првата позиција, Струмица 2001 и Соколи 1933 беа сигурни на свој терен. Истото се случи и во мечевите во кои и другите две, Бутел и Борец баскет, исто така на свој паркет, не дозволија второ изненадување, како она во претходното коло, по кои „паднаа“ на делба на третото место
СОКОЛИ 1933 – ВОДНО САНС 120:89
Штипјани одиграа уште еден ефикасен натпревар во кој реализираа дури 120 поени.
Интересно, на полувремето, двете екипи имаа реализирано по 60.поени.
Но во продолжението, Соколи 1933 одигра уште една ефикасна четвртина, онаа третата во која ја направи клучната разлика. Ја добија домаќините со големи (37-8), доволно за нов успех и одбрана на првото место.
Тодоровски реализираше 27.поени, Блажевски имаше 19, Костадинов 17, Митев 14, а капитенот Караколев уште 12.поени за штипскиот прволигаш.
Кај Водно санс, Митев реализираше 27.поени, Бајалџиев 14, а Миленковиќ уште 11.
СТРУМИЦА 2001 – МЕГА БАСКЕТ 87:62
Сигурен настап имаше и екипата од Струмица, која без особени проблеми славеше победа против недоволно мотивираниот тим од Прилеп.
Сите дилеми на овој меч беа тргнати по само 20.минути од играта. Оние во кои струмичани се одвоија на недостижни (55.28). И повеќе од доволно за скор (10-3) во пресрет на последниот круг од мечевите во ТОП 8 фазата, во кој струмичани имаат гостување во Охрид,
На овој натпревар, Масевски постигна 19.поени, Јовановиќ и Д. Пандев имаа по 14, а Ф.Пандев и Александровски по десет.
Во гостинскиот состав, Јовановски уфрли 18.поени, Митков имаше 16, а Димитриевски уште 11.поени.
БУТЕЛ – ОХРИД 98:67
Ново убедливо издание на тимот од Бутел на домашен терен, овојпат против екипата на Охрид. Им недостасуваа само два поени да дојдат до нова „стотка“ во оваа фаза од првенството.
Правилно ги распределија поените домашните кошаркари во сите четири периоди од играта. Но уште во првите два обезбедија висока предност, на полувремето водеа со (48:26).
Слична беше и индивидуалната распределба, онаа во која Атанасов, кој се врати во тимот, имаше 21.реализиран поен. Кнежевиќ постигна 19, Хот 17, а Андоновски уште 11.поени.
Во охридскиот тим, Бојовски и Челик имаа по десет реализации.
БОРЕЦ БАСКЕТ – ВАРДАР 82:76
„Најблизок“ беше резултатот на средбата во салата „Гемиџии“, во Велес, во кој на крајот се радуваше домашната екипа.
Велешани тргнаа силно и во првиот период се стекаа со високи (26:13). Но гостите од Скопје возвратија во вториот, кој го решија во своја корист со (24:13), за минимални „плус 2“, (39:37) за Борец баскет на одморот.
Во продолжението од играта максимално израмнет дуел во кој победникот беше решен во финалните минути, за големо славје на домашниот тим.
По голема заслуга на Американеџот во составот на Борец баскет, Тимоти Џејмс кој забележа 30.поени. Но со поддршка која дојде од најискусниот, Штерјов, кој даде 16.поени, Чадамов, кој беше стрелец на 14, и Трпески кој дополни со 12.реализации.
Во екипата на Вардар, Ѓорѓевиќ постигна 19.поени, Стојановски имаше 17, Терзевски 15, а Данев уште 11.поени.