Прва лигаФудбал

Алиса Виши: Подобро во Втора лига, отколку клубот да згасне во четвртата лига – нешто што никогаш не го заслужувал

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Шкупи и натаму ја бара својата прва победа во сезоната, а како што одминуваат колата во домашното првенство, задачата станува сè потешка. Конкуренцијата е силна, бидејќи секоја екипа се бори за своите цели – опстанок, место во Европа или врвот на табелата.

И покрај тешката ситуација, во клубот од Чаир инсистираат на достоинствен настап на секој натпревар, свесни дека сè повеќе се наметнува реалноста за преселба во Втората лига следната сезона. Тренерот Алиса Виши е целосно запознаен со предизвиците и позицијата во која се наоѓа тимот.

„Знаеме дека противникот е фаворит, но ќе влеземе со крената глава како и во секој натпревар, бидејќи сме свесни за нашата ситуација. Подобро во Втора лига, отколку клубот да згасне во Четвртата лига – нешто што никогаш не го заслужувал. Денес ние сме тие што го одржуваме клубот во живот, без интерес и без ниту еден денар. Се надевам дека еден ден трудот на овие дечиња ќе биде награден, бидејќи нивниот придонес е огромен. Токму затоа, ние сме тука за клубот. Респект за екипите од Првата лига кои нè почитуваат. Благодарен сум им бидејќи знаат дека играме со млади фудбалери и ги почитуваат, наместо да ги потценуваат,“ изјави Виши во пресрет на овој дуел.

Натпреварот меѓу Башкими и Шкупи ќе се одигра на стадионот во Куманово, со почеток во 14:30 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!