Ракомет

Младост службено ќе го добие мечот со Кичево – поради технички причини истиот не се одигра!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Натпреварот од 19. коло на Првата ракометна лига меѓу Младост од Богданци и Кичево кој беше закажан за денес во „Билјанини Извори“ во Охрид сепак не се одигра поради технички причини.

По одлука на делегатот истиот воопшто и не започна, па сега се отвара работа за Натпреварувачката комисија на РФМ.

Повеќе од јасно е дека бодовите службено ќе ги добие Младост, а домаќин на истиот беше Кичево.

Инаку, првиот нивен меч наместо во Кичево се одигра во Богданци по меѓусебен договор на двете екипи, а денес Кичево требаше да биде домаќин во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, каде кичевци ги играат домашните натпревари.

Кичево се „пресели“ во Охрид да ги игра домашните натпревари, бидејќи поради поплавите во Кичево, салата „Христо Узунов“ беше претворена во пункт каде се згрижија погодените семејства.



Сподели
Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!