Ракомет

Михаел Тотиќ 13 гола го расплака Текстилец среде Штип, Драчево Јуниор го декласираше Вардар Неготино

Сподели
ФОТО: РК Драчево Јуниор
Сподели

Ниту „Д“ од дербито меѓу Драчево Јуниор и Вардар Неготино, откако во рамки на 19. коло на Првата ракометна лига, домаќинот со 33:24 славеше висока победа.

Уште од самиот почеток Драчево Јуниор одлично отвори и имаше постојана предност, а гостинот само на момент намали на 12:10 и тоа беше се што можеше да направи.

На полувреме резултатот беше 16:13, а во вториот дел разликата стигна до конечните 33:24.

Димитар Петковски беше прво име кај домаќинот со седум гола, а кај гостинот од Неготино прв стрелец беше Ѓорѓи Орешков со осум гола, а Драган Кузманов имаше седум.

Бодовите останаа во Гостивар откако Јехона со 28:21 го доби тимот на Овче Поле од Свети Николе. Од самиот почеток домаќинот имаше одлично отвара и стекна солидна предност која во 14. минута беше 9:3, а во вториот дел гостинот успеа да намали на 17:16, но немаше сили за ништо повеќе.

Од тој момент во 40. минута Јехона направи голема серија на погодоци и стигна до убедлив триумф од 28:21.



Најдобар стрелец за домаќинот беше Адис Салиу со девет гола, а за гостинот беше Александар Димитров исто така со девет гола.

Во неизвесен и драматичен меч со пресврти Македонија ЃП со 30:34 славеше во Штип над Текстилец УГД.

По 15 минута игра во Штип домашните имаа предност од 8:5, а на полувреме резултатот беше 17:13. Во вториот дел предноста која Текстилец УГД ја имаше од неколку погодоци беше во целост стопена во 41. минута кога резултат беше 21:21. Предност успеаја да ја врати Текстилец УГД, но во 52. минута се случи пресврт и „лавовите“ од Ѓорче имаа 27:28, а потоа во два наврати и плус два и на крај славеа со 30:34.



Најдобар стрелец кај поразената екипа беше Лазар Стојанов со сум гола, а кај победникот Михаел Тотиќ со 13 гола ги реши штипјани.

Мулти Есенс денес беше на прошетка во Ресен каде со 21:33 славеше виска победа над Преспа. За домашниот тим прв стрелец беше Христијан Ристевски со седум гола, а пак Мулти Есенс со седум гола прво име беше Јулијан Матевски.

Мечот меѓу Младост Богданци и Кичево не се одигра поради технички причини. На овој меч домаќин беше Кичево во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, со оглед дека поради поплавите во Кичево, салата беше претворена во пункт каде беа сместени погодени семејства.

Овој натпревар Младост ќе го добие со службен резултат и службени бодови, а за Кичево ќе треба да се одлучи со какви санкции ќе се соочи.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во...

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“,...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!