ФудбалФутсал

Лидерот Железарец го декласираше Конзули, три бодови и за Кратово против „фенерџијата“

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Лидерот Железарец оствари лесна и убедлива победа над битолски Конзули откако во Автокоманда со 12:5 поранешниот шампион на Македонија беше подобар во меч од 15. коло на Втората футсал лига.

Ланскиот прволигаш продолжува да го трасира патот кон експресно враќање во елитата. Мирко Богески имаше хет-трик вечерва, а по два погодоци постигнаа Дарко Насевски и Петре Даиловски. По еден гол за Железарец постигнаа Дејан Кајсторовски, Мартин Калчев, Златко Јошевски, Реџеп Бислим и Филип Вучковски.

За битолскиот тим по двапати погодија Стефан Гроздановски и Игор Скепаровски, а пак еден гол постигна Ерен Амит.

Кратово славеше сигурна победа во гости од 4:10 над „фенерџијата“ Карадаку. Очекуван беше триумфот за гостинот, а кој до истиот дојде преку Валентино Јованоски, Горан Арсовски и Ѓорѓи Ивановски кои беа двојни стрелци.



По еден гол постигнаа Лука Давитковски, Дарко Мирков, Давид Тоневски и Михаил Спасовски.

Извештајот од мечот меѓу Партизан Југ и Каршиака е достапен овде, а колото се затвара утре со два меча. Во првиот се среќаваат СЕЕ Университи и ССК, а во вториот Црна Река со Овче Поле.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!