ФудбалФутсал

Реми на Мал Ајакс и Клими, Шкупи ја доби драмата со Балкан

Сподели
ФОТО: КМФ Мал Ајакс | АРХИВА
Сподели

Натпреварот во Штип меѓу Мал Ајакс и Клими заврши без победник откако дете екипи одиграа 3:3 и ги поделија бодовите. Овој бод за штипјани не им значи многу бидејќи се во многу тешка ситуација за опстанок.

Иса Дурмишов постигна два гола за Мал Ајакс, а еднаш погоди Теодор Наков, додека пак за тимот од Кавадарци двоен стрелец беше Давид Крстевски, а еден гол беше дело на Кирче Крстевски.

Драматичен меч одиграа Балкан и Шкупи во борбата за опстанок, а на крајот на трите бодови се радуваше гостинот, кој преку пресврт со 5:6 беше подобар.

Јусуф Сулејмани во 1. минута погоди за водство на домашниот тим, а по три минути Еркан Сефери погоди за 1:1. Пајтим Реџепи во 9. минута донесе нова предност за Балкан, а во 11. минута Секир Зејнели погоди за 2:2.

До крајот на првиот дел Реџепи погоди уште еднаш, а потоа и Хакан Умер за 4:2 на полувреме. Во вториот дел Абдил Кадир Јахја постигна гол за 4:3, но веднаш Балкан врати предност од два гола преку третиот гол на Реџепи за 5:3.



До крајот Јахја постигна уште два гола за конечни 5:6 и голема радост за Шкупи за овие тешко освоени три бодови.

Мечот меѓу Јувентус Серава и Осогово заврши без победник, а извештајот од воведниот меч е достапен овде.

14-тата рунда од Првата футсал лига ќе се комплетира утре со мечот во Куманово меѓу Форца и Бутел.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!