Трета лигаФудбал

Мичковски го реши Турново, Тиверија слави триумф со 10 гола, Овче Поле е нов лидер!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Трета лига – Исток има нов лидер, откако Овче Поле со минимални 0:1 славеше над Брегалница во Делчево и го презеде челното место на табелата.

Дарко Нацев беше единствениот стрелец во Делчево кој го реши мечот, со што трите бодови заминаа во Свети Николе.

Тимот на Овче Поле е лидер на табелата со два меча повеќе во однос на непоразената Победа од Валандово, која во рамки на 14. коло беше слободна.

Тиверија одамна немала ваква висока победа откако денес на домашен терен во Струмица со 10:2 славеше над Дојранско Езеро. Мартин Шутевски постигна четири голови, а пак двојни стрелци беа Андон Шилинов и Никола Трајков.

За Тиверија по еден гол постигнаа Ристе Каралијски и Јани Јанков.

За гостинот од Дојран стрелци беа Адам Стојанов и Горѓе Киров, а стрелаа во вториот дел од средбата во Струмица, а погодоци беа од белата точка.

Трите бодови останаа во Берово, откако Бојан Мичковски го реши мечот со Хоризонт Турново за радост на Малеш.



Мичковски стрелаше во 51. минута од средбата која се играше на Градскиот стадион во Берово.

Овче Поле е на врвот со 31 бод, Победа Валандово со два меча помалку е втора со 29 бодови, Ударник е трет со 26 бодови, Турново е четврти со 22 бодови.

Наскоро нов извештај за комплетен преглед на табелата.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!