Кошарка

Бадел 1862 го „урна“ шампионот Баскет Кам, Крива Паланка изби на врвот!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе големи возбудувања и промена на лидерската позиција. Бадел 1862 ја продлабочи кризата на бранителот на титулата Баскет Кам, додека Крива Паланка го искористи тоа и се искачи на врвот на табелата.

Во дербито на колото, Бадел 1862 славеше над Баскет Кам со 54-48. И покрај отсуството на Марија Николов, „баделки“ одиграа цврсто, особено во одбраната, и во текот на целиот натпревар ја контролираа предноста. Фримен блескаше со 17 поени, осум скока и осум асистенции, додека Клири запиша дабл-дабл од 12 поени и 16 скока. Кај гостинките, Адамовска реализираше 16 поени.

Крива Паланка максимално ја искористи шансата и со убедливи 93-52 го совлада Спорт Тим за преземање на лидерската позиција. Клучна беше втората четвртина во која домаќинките направија серија од 25-5 и уште на полувреме го решија победникот. Робинсон постигна 27 поени, додека Ниехуес оствари дабл-дабл од 21 поен и 13 скока.

Во ефикасен натпревар, Вардар го победи Патриот 2016 со 99-88, во меч со вкупно 187 поени. М. Николиќ беше лидер со 25 поени и 14 скока, додека Тасевска додаде 19 поени и 10 асистенции. Кај гостинките се истакнаа Скот и Крисвел со вкупно 61 поен.



Сигурен триумф оствари и Пробаскет, кој со 72-50 беше подобар од МЗТ Бела Вода. Томас доминираше со 31 поен и 12 скока, а значаен придонес дадоа и Стоева и Мицева. Кај гостинките, Карајованова запиша дабл-дабл учинок.

По ова коло, Крива Паланка со скор 14-3 се искачи на првата позиција, додека Баскет Кам влезе во серија од два порази и дополнително ја искомплицира битката за титулата во завршницата од сезоната.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Реј Моралес: „Го претворивме заморот во мотивација“ – Охрид покажа шампионски менталитет

Ракометарите на Охрид остварија исклучително важен триумф на гостувањето кај Алкалоид, славејќи со 27-26 и правејќи голем чекор кон задржување на втората позиција...

Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло ќе се игра во друг термин. Мечевите од оваа рунда се...

Поврзани написи
Кошарка

Маџари со историска победа во плеј-офот: Триумф над ТФТ по продолжение за водство од 1-0

Екипата на Маџари продолжува да биде најпријатното изненадување во сезоната, откако славеше...

Кошарка

За титулата во М20 лигата ќе се борат Кожув, Вардар, Водно Санс и Феникс 2010

Екипите на Кожув, Вардар, Водно Санс и Феникс 2010 ќе играат на...

Кошарка

Пелистер доминира во статистиката: Битолчани лидери по поени и реализација во „МТЕЛ“ Супер лигата

По завршувањето на регуларниот дел од сезоната во МТЕЛ Супер лига, статистиката...

Кошарка

Познати се четвртфиналистите во М16 лигата-жени

По одигрувањето на натпреварите од регуларниот дел во двете натпреварувачки групи, познати...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!