Останато

Одбојкарите на Борец со совладаа шампионот Струмица во меч со четири сета!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Голем триумф вечерва забележаа одбојкарите на Борец откако во салата „Гемиџии“ во Велес со 3-1 во сетови го совладаа шампионот Струмица во дербито на 10. коло од плеј-офот на Првата лига.

Во првиот сет велешани беа подобри со 25:22, а пак во вториот сет шампионот израмни на 1-1 во сетови откако истиот го освои со 26:28.

Во третиот сет со 25:17 Борец го освои третиот сет за 2-1, а веќе во четвртиот сет резултатот беше 25:19 за конечни 3-1 и голем триумф за Борец над шампионот Струмица.

Со овие три бода велешкиот тим го осигура второто место на табелата во пресврт на полуфиналето на плеј-офот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску, на која беа разгледани...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг пред утрешниот предизвик во младинската Лига на шампиони. Струмичани утре ќе...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!