РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание.

На Собранието присуствуваа 61 од вкупно 65 делегати, при што беа усвоени следните значајни одлуки:

-Завршната сметка за 2025 година

– Буџетот за 2025 година

– Новиот Статут на ФФМ

– Одлука за овластување на Управниот одбор на ФФМ за донесување на Стратегија за развој на ФФМ 2026-2030

УЕФА и ФИФА направија детална анализа на нашите статутарни одредби и укажаа на области кои треба да се усогласат со меѓународните стандарди. Во заедничкиот процес беше утврдено дека значителен дел од Општинските фудбалски сојузи се нефункционални или постојат само формално.

Затоа, новиот модел предвидува регионализација, решение кое ќе создаде функционални структури, подобра застапеност и повисоко ниво на транспарентност.

По 15 години, Фудбалската федерација на Македонија добива нов Статут, документ кој не е само формалност, туку темел на системското функционирање.

Статутот е изработен во координација со УЕФА и ФИФА, што гарантира усогласеност со највисоките меѓународни стандарди. Со него се воведува поголема транспарентност, јасна распределба на одговорности и функционален систем на одлучување. Ова значи крај на импровизациите и почеток на институционална стабилност.

ФОТО: ФФМ

„До последната пререгистрација биле регистрирани 44.996 фудбалери во машка конкуренција. После пререгистрацијата бројот на машки фудбалери е 14.210. Во следниот период ќе се утврди точната бројка и во женска конкуренција.

Тоа не е мала грешка. Тоа е системска манипулација. Со новиот Статут, тоа завршува. Нема повеќе клубови што постојат само на хартија. Нема повеќе лажни записници. Нема повеќе фиктивен систем.

Во период од само еден месец, од ноември до декември 2024 година, еден месец пред да ја преземеме функцијата, потрошени се околу 5 милиони евра од средствата наменети за развој на фудбалот.

Ние затекнавме таква состојба и не побаравме алиби. Почнавме да воведуваме ред.

Само трошоците за хотелски, чартер летови и авионски карти ги намаливме за повеќе од еден милион евра. Секој денар гледаме каде оди. Затоа што овие средства не се ничии приватни, тие се на фудбалот.

Ова што го правиме не е козметика. Ова е пресек. Од систем без контрола, кон систем со правила. Од фикција, кон реалност“.

„Ќе продолжиме со реформи, со ред и со јасни правила. За фудбал што е чесен, регуларен и достоен за сите што го сакаат.

Паралелно со овие реформи, ја започнавме подготовката на новата четиригодишна стратегија за развој на фудбалот.

Нашата визија е стабилен, конкурентен и модерен фудбал, заснован на реални основи и јасни правила. Фудбал што создава играчи, гради клубови и враќа доверба кај навивачите.

Систем што не зависи од поединци, туку функционира самостојно, одржливо и во интерес на спортот. Целта е да ја зголемиме базата почнувајќи од најмала возраст, од грасрут активности се до професионалниот фудбал“, рече Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ.

Собранието на ФФМ на денешната своја годишна седница, исто така, едногласно ги усвои извештаите за работа на претседателот на ФФМ и на Управниот одбор за изминатата година, извештајот на Надзорниот одбор на ФФМ како и извештаите на правните органи и лиценцните тела за 2025 година. Беше усвоен и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на Стратегискиот план 2021-2025 кој го презентираше генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.

ФОТО: ФФМ

 

„Изминатата година беше значаен период за Фудбалската федерација на Македонија.  Година на работа, јасна насока и конкретни чекори кон исполнување на нашата визија.

Сите активности ги реализиравме согласно трите клучни стратешки документи: Генералната стратегија, стратегијата за женски фудбал и стратегијата за општествена одржливост. Фокусот беше јасен, инфраструктура, млади, женски фудбал и општествена одговорност. Тоа се темелите врз кои се гради стабилен систем.

Нашата работа се темели на вредности што не се декларативни, туку применети.  Транспарентност, професионалност, инклузивност и континуиран развој. Овој процес не е индивидуален. Тој е заеднички. Клубовите, тренерите, играчите, институциите и партнерите, сите имаат свој удел во напредокот што го постигнавме.

И покрај предизвиците, останавме фокусирани и дисциплинирани. Не баравме изговори,  баравме решенија. И тие резултати денес се видливи. Транспарентноста и довербата не се избор, тие се предуслов за стабилен систем. Без нив нема напредок.

Доброто управување е основата на сè што го правиме. Во изминатиот период воведовме системски пристап, редовни евалуации, усогласување со највисоките стандарди и директна соработка со УЕФА и ФИФА.

Ја зајакнавме административната структура и започнавме суштинска реформа на Статутот,  процес воден заедно со УЕФА и ФИФА, со јасна цел: модерен, функционален и одговорен систем“, рече Леонид Јандреоски – генерален секретар на ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски без петмина интернационалци на стартот во Крушево

Петмина интернационалци ќе го пропуштат утрешниот старт на подготовките за учеството во Европската лига 2026, кој селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија,...

Останато

Бронза за Милев во Унгарија, Љафтов, Ѓоргиев и Савовски „бркаат“ злато со своите клубови

Искусниот македонски репрезентативец и интернационалец Владо Милев и неговата Казинбарчика ја затворија сезоната во унгарското првенство со бронзен медал, односно како трет тим...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски без петмина интернационалци на стартот во Крушево

Петмина интернационалци ќе го пропуштат утрешниот старт на подготовките за учеството во...

КупФудбал

Организиран превоз од Струмица за Куп финалето: Тиверија Брера со силна поддршка против Каменица Саса

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера ќе се бори за трофејот во Купот...

Втора лигаФудбал

ФОТО: ЈП „Билјанини Извори“ со интензивен третман за подобрување на тревната подлога на стадионот во Охрид

Јавното претпријатие ЈП „Билјанини Извори“ спроведува интензивни пролетни активности за подобрување на...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново има најдобра одбрана: Антонио Столевски царува на голот!

Второлигашот Шкендија Арачиново може да се пофали со неверојатна статистика кога е...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!