Прва лигаФудбал

Македонија ЃП по бодови за опстанок против шампионот Шкендија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денеска на програмата од новото 24. коло од домашниот шампионат, екипата на Македонија ЃП на свој терен на стадионот во Ѓорче Петров ќе го пречека шампионот, Шкендија.

Екипа која што во домашниот шампионат не знае за пораз од оној зачудувачки неуспех против Арсими од 3:0 во ноември минатата година. Шампионот има амбиции и во првенството и во купот на на ривалите како Македонија ЃП е да направат се што е во нивна моќ за тој план да го расипат.

„Нормално дека Шкендија ја почитуваме и сме свесни дека овој тим е шампион. Сепак, Македонија ЃП како тим сезонава на неколку пати покажа дека може да се носи со секого па и гостувањето на Шкендија во Ѓорче Петров не претставува ништо повеќе од првенствен меч. Нам бодовите ни се неопходни тоа е и повеќе од јасно, и ќе се обидеме да стигнеме до нив. Мотивирани сме, знаеме што значи позитивен резултат против Шкендија, и ќе направиме се за да стигнеме до него“ –велат од таборот на „лавовите“.

Македонија ЃП има два порази по ред од дуелите против Башкими и Струга ТЛ. „Лавовите“ во моментов се на деветтата позиција на табелата со 23 бода само поен повеќе од Пелистер и Работнички.

Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

Стадионот во Општина Илинден ќе добие трибина за 1100 гледачи – Ристовски: Вложувањата во спортската инфраструктура се инвестиција во иднината

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на новата трибина и...

Останато

Сара Митевска доминираше на турнирот Скопје Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на Ј60 ИТФ турнирот Скопје опен 2026 што се играше...

Поврзани написи
Фудбал

Стадионот во Општина Илинден ќе добие трибина за 1100 гледачи – Ристовски: Вложувањата во спортската инфраструктура се инвестиција во иднината

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар...

КупФудбал

КУП: Игор Стојчевски ќе им суди на Силекс и Охрид, Стојанче Стојанов на Шкендија Арачиново и Шкендија

Утре се играат реваншите од полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, а...

Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло...

КупФудбал

Организиран превоз од Струмица за Куп финалето: Тиверија Брера со силна поддршка против Каменица Саса

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера ќе се бори за трофејот во Купот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!