Прва лигаФудбал

Вардар посакува нов триумф за мирен репрезентативен одмор

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Лидерот на домашниот шампионат, тимот на Вардар денеска во рамките од 24. коло на стадионот во Гостивар, од 14:30 часот ќе се соочи со домашната екипа на Арсими.

Меч во кој Вардар е апсолутен фаворит, но тоа во пракса особено сезонава не треба да значи ништо. Арсими на пример во ноември и одржа лекција на Шкендија во победата од 3:0, токму на овој терен па нормално дека претпазливоста треба да е на највисоко можно ниво.

По оној шокантен период во кој испадна во Купот на Македонија од Охрид, па одигра нерешено со Струга ТЛ и финишираше со домашен пораз од Шкендија, Вардар потоа нанижа две победи по ред.

Против Силекс на гости и против тимот на АП Брера на Арената Тодор Проески во Скопје. И обата дуела се добиени со минимални 0:1, односно 1:0.



Вардар денеска нема да настапи комплетен, има неколку од стандардните играчи кои што нема да настапат, но од „црвено – црниот“ табор се водат со тезата дека тоа не смее да биде алиби за евентуален слаб резултат. Напротив, Вардар во моментов има доволно квалитетен играчки ростер за да може да се потпре и на оние кои стрпливо чекаат шанса на клупата за резервни играчи.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!