ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Сподели
ФОТО: FK BORAC Banja Luka
Сподели

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац Бања Лука, ставајќи потпис на нов договор кој ќе го задржи во клубот до 2027 година.

Чуварот на мрежата веќе две сезони е стандарден дел од тимот од Бања Лука, кој во моментов е лидер во босанското првенство. Со новиот договор, Шишковски ја потврди својата лојалност и континуитет во еден од најголемите клубови во БиХ.

Од клубот посочуваат дека македонскиот голман се чувствува исклучително пријатно во Бања Лука, нагласувајќи дека градот му е драг речиси како родното Скопје. Токму затоа, на задоволство на сите во клубот, тој ќе го носи дресот на Борац и во наредните сезони.

Шишковски досега има 23 настапи за Борац, а во тимот настапува заедно со Себастијан Херера, кој има македонски пасош. Двајцата наскоро ќе му се стават на располагање на селекторот Гоце Седлоски за претстојните обврски на националниот тим.

Македонија ја очекува тежок предизвик во баражот за Светското првенство против Данска, а формата и континуитетот на Шишковски секако ќе бидат значаен адут за репрезентацијата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај Горица, откако по драматична завршница загубија со 27-24 во првиот дуел...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!